Сок од алое вера – најдобар пијалок за имунитет, кожа и чистење на организмот

Од:

Сокот од алое вера, кој е богат со хранливи материи, им е најинтересен на нутриционистите. Освен што и помага на кожата, тој го зајакнува имунитетот и го чисти организмот.

Овој сок успешно го намалува нивото на холестерол во крвта, помага при губење на вишокот килограми и го подобрува метаболизмот.

Растението алое вера содржи ензими кои се одлични за отстранување на токсините од телото. Тоа содржи бројни витамини, меѓу кои А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3, Б6 и е едно од малкуте растенија кои го содржат витаминот Б12, кој помага во работата на мозокот и нервниот систем.

Од минералите изобилува со калциум, магнезиум, цинк, хром, селен, натриум, железо и калиум. Богата е со аминокиселини и масни киселини.

Британската нутриционистка Маделајн Шо изјави дека „алое верата е одлична и доколку се чувствува каква било субјективна непријатност. Ги смирува внатрешните органи и помага при намалување на надуеност“.

Сокот од ова растение се користи и за ублажување на изгореници и псоријаза, а неговата ефикасност е многу поголема доколку се внесува во организмот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска