Тинејџерите најмногу се изложени на влијанието на новата технологија, тие најновите технолошки апарати ги доживуваат како нивно природно опкружување. Родителите се загрижени поради тоа, но што велат научниците?
Во последните години многу се пишуваше на темата за социјалните мрежи, нивнито влијание врз меѓучовечките односи, како и дека луѓето стануваат се поизолирани од реалниот свет и едни и други.
Кога станува збор за возрасните во САД, истражувањата покажуваат дека тие се поосамени, отколку што тоа беше случај претходните години.
Сепак, кога стануа збор за односите меѓу тинејџерите, резултатите од истражувањата покажуваат, дека бројот на лица кои се чувствуваат осамени е во опаѓање.
Екепсртите од австралискиот Унвиерзитет Грифит и Универзитетот Квинсленд, спроведоа истражување кое вклучувало две целни групи: ученици во средни училишта и студенти.
Истражувањето на секоја од овие групи се вршело во две фази. Првата фаза подразбирала преглед на старите студии и вршење нови истражувања, а во другата фаза научниците ги споредуваа резултатите.
Анализата покажа дека денешните средношколци се чувствуваат помалку осамени, но нивните односи на социјалните мрежи не се толку цврсти, како што тоа било случај со пријателството на постарите генерации.
Студијата исто така покажува дека денешните тинејџери иако имаат многу повеќе пријатели кои ги стекнуваат секојдневно, сепак се чувствуваа многу посигурно со своите стари другари од раното детство и немаат потреба да создаваат некои нови пријателства, кои би биле на високо ниво на посветеност.
И покрај популарниот стереотип за тинејџерите кои постојано се на нивните телефони и немаат реален живот и социјални вештини, ова австралиско истражување покажа дека младите луѓе благодарение на новите напредни технологии, развиваат многу повеќе социјални вештини, отколку што мислиме.