Иако стареењето е составен дел од животот, сепак постои начин како да го забавиме овој процес со помош на правилна исхрана која ни помага да си ја сочуваме енергијата и издржливоста.
Пет продукти кои помагаат при зачувување на младиот изглед:
Риба
Ако ја вклучите рибата во вашата исхрана, освен што превентивно ќе делувате на процесот на стареење, ќе го заштитите и вашето срце од разни болести. Рибата содржи омега 3 – масни киселини кои спречуваат запушување на артериите како последица на холестерол и на тој начин одржуваат нормален ритам и функционирање на срцето.
Ореви
Оревите се богати со незаситени масти кои спречуваат рак и болести на срцето. Освен тоа содржат витамини и минерали кои делуваат како антиоксиданси. Витаминот Д и Е кој го содржат се грижи за убава и сјајна коса, кожа и нокти.
Јогурт
Јогуртот содржи „добри“ бактерии кои помагаат при варењето на храната, го прочистуваат дигестивниот тракт и ги спречуваат цревните инфекции. Освен тоа, јогуртот содржи и калциум кој ги зацврстува коските и го смалува ризикот од рак на коски.
Чоколадо
Флаванолот кого го има во чоколадото помага за нормално функционирање на крвните садови. Го спречува дијабетисот и проблемите со висок крвен притисок и ги чува бубрезите, со што го продолжува нашиот живот.
Маслиново масло
Маслиновото масло содржи полифенол, антиоксиданти и незаситени масти кои превентивно го штитат срцето од болести.