Собрани 3.400 кадифени мечиња во борба против менингитисот

Од:

Пред Тауер Бриџ во Лондон беа оставени 3.400 кадифени мечиња, со цел да се подигне свеста на луѓето во врска со менингитисот.

Бројката од 3.400 мечиња го претставува секое лице кое секоја година заболува од менингитис во Велика Британија.

Менингитисот е заболување предизвикано од различни причинители, кои доведуваат до воспаление на заштитните мембрани на мозокот.

Се развива многу брзо, а првите симптоми се знак дека мора да се побара помош од лекар, бидејќи навременото поставување на дијагноза и започнување со лекување овозможува и излекување без последици.

Болеста го загрозува здравјето на луѓето, а главно се јавува кај децата од предучилишна и училишна возраст.

Оваа болест е распространета низ целиот свет, а ретко се јавува во вид на епидемија.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска