Со стискање на тупаница до подобра меморија

Од:

Помнењето може да се подобри со едноставно стискање тупаница, тврдат американски психолози, пренесува Би-Би-Си. Стисната десна дланка во тупаница на 90 секунди помага во формирање меморија, а истото движење со левата дланка помага во нејзиното повикување, соопштија научниците од Универзитетот Монтклер во Њу Џерси.

Испитувањето е спроведено врз 50 возрасни лица кои многу подобро ги помнеле зборовите од долгиот список на поими кога притоа ја стискале дланката во тупаница. Научникот Рут Пропер вели дека стискањето на дланката активира посебни регии во мозокот, кои се поврзани со процесуирање на помнењето.

Претходно направените истражувања покажале дека стискањето на дланката ја активира левата регија на мозокот, а левата дланка десната регија. Во процесот на помнење се користат двете мозочни регии, левата за складирање на информации, а десната за нејзино активирање.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска