Со стареењето човечките очи престануваат да разликуваа бои

Од:

Повеќето луѓе со стареењето почнуваат да го губат видот. Нашите очи стануваат слепи при разликување на бои, но ние тоа не го забележуваме благодарение на мозокот кој работи прекувремено.

Научниците открија дека старите луѓе ја губат способноста да разликуваат бои, бидејќи дел од окото наречен конус рецептор станува неспособен да ги разликува боите. Но, другите делови на нашиот визуелен систем работат повеќе и така последиците се минимализираат.

Во студијата која ја подготви Универзитетот Ливерпул, експертите следеле 185 луѓе на возраст од 18 до 75 години кои боите ги гледаат нормално. Откриле дека изгледот на боите во очите на волонтерите не се променил.

Но со тек на времето способноста за разликување нијанси на боите се намалува, посебно оние на жолто-сина основа.

Тоа станало очигледно кога учесниците биле тестирани додека гледале нијанси на зелена боја на дневна светлина. Помладите волонтери ја виделе зелената боја, додека старите повеќе ја гледале жолтата боја.

Софи Вуергер, авторка на студијата, заклучила дека одредени нервни патишта го компензираат тоа што не го гледаме, па нашите очи со помош на мозокот, нормално ги гледаат боите и во постари години.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска