„Со приказни околу светот“- Фестивал на книги за деца

Од:

По повод 2-ри април, Меѓународниот ден на книгите за деца, издавачката куќа Вермилион во соработка со државни институции, токму на тој датум во вторник го организира Фестивалот на книги за деца шеста година по ред.

Фестивалот ќе се одржи во Домот на култура „Кочо Рацин“. Според програмата најпрво ќе има литературно читање и разговор со македонски автори за деца, каде ќе бидат Христо Петрески, Александар Прокопиев, Ахемт Селмани и Фахри Али. Потоа ќе настапат детски театарски групи и ќе се промовираат книги за деца од светот.

Имено, за крај ќе се отвори изложба на македонски илустратори за деца од уметниците Катерина Соколова, Матеј Богдановски, Марија Настовска, Димитар Торбаков, Нита Муча, Дарко Алексовски и Анастасија Величковска. Куратор на изложбата е Нада Пешева.

Мотото на годинешниот фестивал е „Со приказни околу светот“.

Меѓународниот ден на книгите за деца е токму на 2-ри април во чест на најзначајниот автор на бајки, данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен.

Јасна Атанасова

 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска