Со помош на хипноза ослабела 38 килограми

Од:

 Британската Данијел Дејвис која имала 89 килограми и низа неуспешни диети ослабела 38 килограми со помош на хипноза. Таа побарала помош од нејзината мајка, која се занимава со хипноза.

За време на сесијата, која траела 25 минути, Беверли ја натерала својата ќерка да верува дека била на операција за намалување на желудникот.

Данијел убедена дека нејзиниот желудник се намалил во рок од шест месеци 26-годишната девојка ослабела 38 килограми.

– Кога мајка ми ми предложи да се обидеме со хипноза ми беше многу смешно. Чувствувам вина што бев скептична. Сега не можам доволно да и се заблагодарам и многу сум возбудена што вака изгледам, истакна Данијел.

Таа истакна дека хипнозата е чудна, но и релаксирачка.

– Лежев на каучот додека мајка ми зборуваше за здравата исхрана. Се чувствував поспано, но бев будна и свесна цело време. Не знам како тоа функционира, бидејќи подоцна не се чувствував поинаку. Сепак неколку часа подоцна не бев повеќе гладна, наведе Данијел.

Таа наместо да јаде чоколадо и чипс јадела салата за вечера.

– Ја успав Данијел така да нејзината подсвест остане отворена за сугестии. Тогаш и кажав дека нејзиниот желудник е помал, поради што не смее да внесува премногу храна бидејќи во спротивно би се разболела, посочи Беврли.

Данијел ја одржува својата фигуира веќе една година и тврди дека јаде што сака.

– Но, на крајот од денот секогаш ми се јавува гласот на мајка ми која ме спречува да се прејадам, тврди Данијел.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска