Благодарение на се понапредната технологија, мајките отсега ќе можат да бидат сигурни колку млеко испило нивното бебе.
Мајките по породувањето се соочуваат со различни дилеми околу доењето – дали имаат доволно млеко, колку бебето испило, дали тоа му е доволно. Овие дилеми би можела да го реши апликацијата Момсенсе.
Имено апликацијата им овозможува на мајките да ги слушаат своите бебиња за време на доењето и да следат колку често голтаат.
Момсенсе функционира заедно со посебен пар слушалки, кои се ставаат под ушните школки на бебето, а откако слушалките ќе се спојат со телефонот мајката може да следи колкава количина млеко бебето испило.
Секоја голтка на бебето се прикажува на апликацијата, а мајките на тој начин добиваат детален извештај.
Апликацијата е направена во САД за да им помогне на мајките и таа чини 89 долари.