Нова студија на шпански научници открива дека сокот од лубеница може да ги ублажи болките во мускулите по вежбањето.
Лубеницата во најголема мерка, но и дињата, краставиците и тиквите ја содржат аминокиселината цитрулин која е специфична по тоа што влијае на намалување на болки во мускулите.
Претходни истражувања откриваат дека цитрулинот има антиоксидативни способности и како таков може произведе кислород во душникот кој поттикнува релаксација и ширење на крвните садови, поволно делува кај еректилна дисфункција (импотенција), хипертензија и атеросклероза.
Во истражувањето учествуваа седум здрави студенти кои во три различни наврати по тестот на максимален напор на циклоергометар испиле 500 мл сок од лубеница што содржел цитрулин од 1,17 грама или сок од лубеница дополнителни збогатен со околу пет грама, или плацебо.
Резултатите покажале дека двете групи кои внесувале сок од лубеница чувствувале значително помала болка во мускулите во споредба со плацебо групата, што покажува дека лубеницата има потенцијал да стане нов функционален напиток за спортистите.