Со класична музика до поподнослива битка со неизлечивите болести

Од:

Нежните звуци на виолончелото еднаш неделно одекнуваат низ просториите на Домот за палијативна нега „Жана Гарние“ во Париз. Имено, Клер Опер – виолончелистка за концерти, школувана на Конзерваториумот во Москва, го посетува домот во петок и свири за тамошните штитеници, кои се борат со неизлечиви болести и силна телесна болка.

– Чувствувам болка цело време… Но, музиката ми помага во ублажување на болката. Ако слушате музика со која сте запознаени, ја знаете секоја следна нота и се сосредоточувате на нешто друго освен на болката, вели Мишелин Леру, пациентка која боледува од рак.

Опер доаѓа во парискиот Дом за палијативна нега веќе скоро 10 години и свири виолончело за своите штитеници. Вели дека физичката болка е скоро постојано присутна во Домот и покрај морфиумот и другите лекови, но таа верува дека музиката навистина може да има смирувачко влијание врз пациентите.

Вработените во домот се едногласни кога станува збор за влијанието на музиката… – По заминувањето на Клер, пациентите се посмирени, трогнати и среќни!, ќе рече негувателката Маргарита Салдана.

Покрај настапите еднаш неделно, Опер одлучи да учествува и во медицински студии насочени кон терапевтскиот ефект на музиката врз здравјето на пациентите.

Би можело да ве интересира

Полза и придобивки од црешата

Ана Ололовска

Постелата лете треба да се пере еднаш до двапати седмично

Ана Ололовска

Истражување: Кафето е корисно за црниот дроб

Ана Ололовска

Водата е најсилно оружје против жештините

Ана Ололовска

Пиењето кафе лошо влијае на бременоста

Ана Ололовска

Како вежбањето влијае на мозокот?

Ана Ололовска