Со цвекло во борба против ракот

Од:

 Цвеклото поради својот специфичен вкус и рубин црвена внатрешност е еден од најомилените состојки во исхраната. Но тоa воедно е и тајно оружје за енергија и помага во борбата на организмот против ракот.

Цвеклото содржи високо ниво на нитрати, дури 20 пати повеќе од останатиот зеленчук. Позната е користа на цвеклото во борбата против ракот, а последните истражувања открија дека нитратите кои ги содржи го намалуваат крвниот притисок.

Цвеклото е најпознато по тоа што се користи за борба против ракот. Состојките што го содржат овој зеленчук го забавуваат развојот на тумори на простата и на дојката за 12,5 отсто.

Студијата изработена на Квин Мерис универзитетот во 2010 година покажала дека само една чаша од 250 мл сок од цвекло дневно силно го намалува крвниот притисок на неколку часа. Новото истражување покажало дека 600 мл од овој сок одржува намален крвен притисок и над шест часа. Исто така научниците сметаат дека ја намалува стапката на смртност од кардиоваскуларни болести за десет отсто.

Друга студија на Универзитетот Ексетер покажала дека нитратите исто така ја зголемуваат издржливоста. Тестот покажал дека возрасните кои пијат 500 мл на овој сок дневно можат да вежбаат 16 отсто подолго од оние кои не конзумирале сок од цвекло.

– Нитратите работат во синергија со антиоксиданси кои ги содржи цвеклото за да го редуцираат кислородот потребен на мускулите. Тоа им овозможува да работат поефикасно и го забавуваат заморот, рече Стивен Бејли кој работеше на студијата.

Истражувањето од 2011 година на Вејк Форест универзитетот во Северна Каролина покажало дека цвеклото го забавува развојот на деменцијата. Исто така, добар е за регулација на дигестивниот систем.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава