Меѓу третата и шесттата година мозокот на детето е како сунѓер, впива нови знаења и впечатоци. На таа возраст малите деца почнуваат да се интересираат за бројки и букви, сакаат да решаваат загатки и гатанки, да глумат и имитираат возрасни, да градат куќи и замоци, да слушаат приказни… Низ играта стекнуваат знаења, учат поими, разни вештини и ја развиваат свеста за светот кој ги опкружува.
На пример, видео игриците стимулираат просторно помнење и способност на организација, сложувалките ја зајакнуваат волјата, истрајноста и интелектуалните способности, групните игри развиваат тимски дух и им помагаат на децата да ја разберат вредноста на заедницата, учат да соработуваат и да им помагаат на другите, да бидат трпеливи во остварување на заедничката цел.
Актерството ја олеснува комуникацијата и изразување на емоциите, ја развива емпатијата и свеста за другите, додека слушањето приказни ја поттикнуваат имагинација, го стимулира забележувањето, аудитивното помнење и хронолошкото помнење на некои активности.
Игрите на отворено, освен што ги разиваат моторичките способности им помагаат на децата да развиваат самодоверба, но и да бидат внимателни во опасните ситуации.