Словачкиот Парламент забрани нездрава храна во училиштата

Од:

Словачкиот Парламент како дел од мерките за борба против дебелината кај децата, изгласа забрана за продажба на слатки, засладени пијалаци и други нездрави производи во училиштата.

Претходно, како што јави дописникот на МИА од Прага и чешкото Министерство за образование најави дека од идната година со наредба ќе забрани продажба на нездрави пијалаци и храна во училиштата.

Мерките доаѓаат по постојаните предупредувања на чешките експерти, за широката понуда на слатки во мензите и автоматите во училиштата.

– Доколку успееме, порастот на дебелината да го намалиме само за пет проценти, чешкото здравство ќе заштеди годишно околу 74 милиони евра, изјави неодамна министерот за здравство Сватоплук Њемечек.

Министерството веќе издаде список на препорачана храна како салати, леб со житарки или кисело млеко, а за пиење вода, чај или млеко.

Во Словачка, доколку законските измени бидат потпишани од претседателот Андреј Киска, учениците од јануари идната година не ќе можат како досега во училиштата и училишните автомати да купат брза храна, сладолед или производи со поголемо количество на сол.

Според најновите истражувања, во Словачка секое седмо дете од 11-15 години има прекумерна тежина, а кај возрасното население дебелината уште повеќе е присутна.

Според предлагачката на амандманот за измени, Рената Змајковичова, од владејачката социјалдемократска партија СМЕР, целта е да се стопира досегашниот тренда на дебелеење на школските деца и кај младите.

За прекршување на забраната предвидена е парична казна од 50 до 500 евра.

На дел од опозициските пратеници им се допадна идејата, но сметаат дека тоа може да се направи и на поедноставен начин со мерки преземени од училиштата, а не со донесување на законски норми.

Некои опозиционери пак, изразија сомнеж дека здравата исхрана може да се реши со забрана на продажба на некои производи, наведувајќи дека во мензите сега некои производи нема да можат да се купат, но децата можат се уште да добиваат супи во прав.

Против рестрикциите во снабдувањето на школските мензи се изјаснија производителите на храна, според кои, забраната би се однесувала и на продажба на леб со житарици и кроасани.

Словачката Комора за храна, тврди дека слични мерки преземени во Унгарија или Романија не донеле позитивни резултати, бидејќи пораснал прометот на слатките производи кои се продаваат во околината на училиштата.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски