Слаткарницата на Исмет Алија, осмисли нов производ – сладолед од ракија кој ги освои муштериите, оние полнолетните, се разбира.
-Не го служиме на малолетни муштерии, а оние постарите се воодушевени – вели Алија, кој додава дека желба му било да им понуди нешто поинакво на муштериите.
-Од една топка сладолед, па ниту од две, никој не може да се опијани- вели тој, додавајќи дека за еден килограм сладолед, користи 4,5 децилитри од најпопуларната ракија виљамовка. Базата на сладоледот е крушата, која во комбинација со ракијата дава исклучителен вкус. Тоа го потврдија и неговите гости.