Скорсезе ќе ја добие наградата „Златна мечка“

Од:

Американскиот филмски режисер и сценарист со италијанско потекло Мартин Скорсезе ќе биде награден со награда за животно дело на претстојниот филмски фестивал во Берлин, соопштија денеска организаторите на фестивалот.

„За секој кој смета дека кинематографијата е уметност на обликување приказна на начин кој е целосно личен и универзален, Мартин Скорсезе е неспоредлив модел“, се вели во соопштението на организаторите, пренесува Ројтерс.

Скорсезе ќе ја добие наградата „Златна мечка“, која се доделува за животно дело, во февруари следната година, на 74. Берлински филмски фестивал.

Некои од претходните добитници на наградата се Стивен Спилберг, Хелен Мирен, Иан Мекелен, Дастин Хофман и други.

Скорсезе, кој се етаблира како еден од водечките филмаџии на „новата холивудска ера“ со „Таксист“ од 1976 година, го освои својот прв Оскар во 2007 година за „The Departed“ откако седум пати беше номиниран за највисокото признание на филмската индустрија.

Неговиот последен филм „Убијци на цветната месечина“, за убиствата на американските Индијанци во Оклахома во 1920-тите, е фаворит за номинација за Оскар за најдобар филм и веќе е номиниран за „Златен глобус“.

Други познати филмови на Скорсезе се „Бандите на Њујорк“, „Добри пријатели“ и „Разјарениот бик“.

Би можело да ве интересира

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето

Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале

Наградата „Златна мечка“ за филмот „Синоними“