ŠKODA OCTAVIA со двојна победа: Златно Тркало за Најпосакуван семеен автомобил и Најпосакуван автомобил на годината 2021

Од:

Со свечена церемонија за доделување на наградите, на мал настан организиран од страна на жирито на Златно Тркало и се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, новите ŠKODA OCTAVIA и OCTAVIA COMBI ја примија главната награда за Најпосакуван Автомобил на Годината и Најпосакуван Семеен Автомобил. Овие награди претставуваат вистинско признание од јавноста за новата, 4-та генерација на OCTAVIA.

Со освојувањето на најголем дел од гласовите на јавноста, наградата Златно Тркало во категоријата Најпосакуван Семеен Автомобил беше примена од страна на Бренд Менаџерот на ŠKODA – г-дин Миле Станчев, кој истакна дека ова признание целосно го потврдува големиот интерес за новиот модел и нагласи дека сите карактеристики, технологија и практичните елементи ја ставаат новата OCTAVIA на врвот над своите конкуренти.

Главната награда за Најпосакуван Автомобил на Годината, исто така ја освои новата OCTAVIA со повеќе од 54% од вкупните гласови од јавноста.

Генералниот Директор на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски ја прими наградата на вчерашната церемонија и јасно нагласи дека новата насока во која се движи ŠKODA го отвора патот за силен имиџ на брендот и препознавање од страна на јавноста на перцепцијата за квалитет, практичност, економичност и врвна технологија која ја нуди оваа нова генерација на OCTAVIA.

Жирито на Златно Тркало е составено од најголемите и најреномираните автомобилски новинари во државата: Авто Плус, Car Club, Cars by Vik и RPM.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on