Љубов, вниманието и разбирањето на бабата и дедото децата ги заштитува од дебелина.
Според новото истражување објавено во списанието Pediatric Obesity, емотивната поддршка кои ја даваат бабите и дедовците може да ги заштитува децата од дебелеење, дури и со присутност на некои ризични фактори.
Во истражувањето учествувале 39 деца од предучилишна возраст, кои страдале од дебелеење и нивните родители, од кои се земени детални податоци за социоекономскиот статус, видот и обемот на помош, која ја добиваат од нивните родители, односно од бабите и дедовците на децата, како помош во чистење и подготвување, како и финансиска и емоционална поддршка.
Финансиската состојба е поврзана со тежината, односно пониските примања на родителите се поврзани со зголемен иднекс на телесна маса кај децата.
Но, кај децата на родители со ниски примања, емоционалната поддршка на бабите и дедовците покажа голем заштитен ефект во споредба со децата чии семејства имаат помала подршка од бабите и дедовците.
Се смета дека емоционалната поддршка има таков ефект, бидејќи помага за развивање на чувството на прифатеност и разбирање, што го намалува нивото на стрес кај родителите.