Уште два дена остана до почетокот на фестивалот „Егзит“, а билетите веќе почнаа да се продаваат на полoвина цена од предвидената, иако промотивниот рок за продажбата на билетите истече.
Додека на официјалната веб-страна билетите за целиот фестивал се по цена од 10. 990 динари, организаторите на фестивалот ги понудија истите билети по цена од 5.490 динари за продажба на сајтот „Popusti.rs“.
Интересот за поефтините карти е многу добар, до 11.30 часот пристигнале 70 нарачки, а потоа било активирано полето распродадено.
Организаторите на „Егзит“ потврдија дека билетите ќе се продаваат преку веб-сајтот „Popusti.rs“, но тврдат дека количините се ограничени.
Според нив ова е направено со цел да се промовира фестивалот, но не одговорија на прашањето зошто луѓето кои веќе имаат купено карти со полна цена се измамени. Тие платиле цена двојно повисока од новиот износот на билетите за еден од најдобрите европски фестивали.