Кралицата на ромската песна Есма Реџепова одбива да ја сними новата евровизиска песна, тврдејќи дека со своето животно и пеачко искуство треба да остане нејзината „Империја“, објави локално.мк.
Попладнево ќе се знае дали Есма одлучила да ја пее новопонудената песна, а по тоа и да гостува во дневникот 2 на МТВ за да ја објасни и промовира.
Неизвесно е дали ќе биде првата промоција во „Танцот на Ѕвездите“ со оглед на тоа што поладнево Есма одбива, за сега, воопшто да ја сними новата македонска евровизиска песна!