Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) соопшти дека проблемите со гладта во светот би можеле да се решат доколку за исхрна на луѓето и домашните животни почнат да се употребуваат скакулци, мравки и други бубачки.
Ваквата препорака е наведена во извештајот „Бубачки за јадење: Предлози за идната безбедност на храната“, во кој на 200 страници се даваат препораки за користерње на бубачки во исхраната, а се наведуваат и можности за основање фарми за одгледување инсекти.
– Бубачките можат да живеат во речиси сите средини, лесно се размножуваат и не се штетни за животната средина, се наведува во извештајот.
Во текстот се тврди дека мравките, скакулците и црвите имаат речиси иста вредност на протеини како и црвеното месо и рибата, како и дека бубачите содржат железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк.