Сите лековити својства на камилицата

Од:

Камилица која е позната и како „боливач“ е една од најпознатите билки кај народот и се користи од дамнешни времиња. Денес таа е присутна во речиси секое домаќинство. Најлековит дел од ова растение се нејзините цветови кои наоѓаат широка примена.

Познати се околу 100 евроазиски видови на камилицата. Растението има препознатливи жолти и бели цветови во облик на диск и специфичен мирис.

Некои видови камилица се одгледуваат и како украсни растенија, особено златната маргарита или жолтата камилица. Други, пак, се употребуваат како лекови и инсектициди. Меѓу народот најпознат и најупотребуван е чајот од камилица, кој се употребува како тоник или антисептик, а се користи и во билни лекарства.

Камилицата во медицината се користи за надворешна и за внатрешна употреба кај децата и возрасните во форма на тинктури, масла, чај, прашок и облоги. Таа делува благотворно на целиот организам. Поради своите својства, камилицата се користи и во козметичката индустрија. Таа содржи каротин, флавониди, органски киселини, витамин Ц, витамини од групата Б, кумарин, етерични масла.

За камилицата е докажано дека го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната, ја ублажува подуеноста на стомакот и ја нормализира столицата. Камилицата го ублажува стресот и нервозата. Дневното консумирање на чај од камилица во комбинација со здрава исхрана, може да помогне во спречување на компликациите предизвикани од дијабетес. Екстрактот од камилица исто така, се покажал како ефикасен во инхибирање на некои ензими поврзани со развој на компликации од дијабетес. Некои од компликациите од дијабетесот се и губитокот на видот и оштетувања на нервите и бубрезите.

Камилицата кај нас расте насекаде. Нежните бело-жолти цветови може да се видат речиси во секоја ливада. Оние кои ги познаваат нејзините лековити својства знаат како да ја искористат како чај, но и како лек за локалната надворешна употреба.

Во овој случај таа благотворно делува на проблеми со кожата како иритации, воспаленија и изгореници. На нив се нанесуваат облоги од овој чај. Истот ефект чајот од камилица го има и кај болките во зглобовите, коските, менструалните болки, а може да се користи и за плакнење на носот, ушите, устата, очите. Камилицата е позната по тоа што има смирувачки ефект, ја намалува болката и го подобрува расположението.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска