Сите корисни страни на кафето

Од:

Ако се потпирате на кафето за да го започнете или поминете денот, можеби ви недостасува сон или здрави намирници во исхраната, затоа што кафето не е замена за храна, но како виното и темното чоколадо, покрај негативните страни, од кафето нашето тело има и корист.

Најголемата придобивка од кафето е намалувањето на ризикот од прерана смрт за 16%.

Иако големите количини на кафе не се добри, ова се позитивните страни од умерено дневно конзумирање.

1. Истражувањето спроведено во 2002-ра година откри дека пиењето кафе го намалува ризикот од развој на камен во жолчката за околу 25%.

2. Жените кои пијат кафе секој ден имаат 20% помалку шанси да развијат депресија, според истражувањето во 2011-та.

3. Кафето може да ви помогне да ја подобрите краткотрајната и долготрајната меморија.

4. Истражувањето од оваа година покажува дека лицата кои пијат кафе имаат помалку шанси да развијат дијабетес тип 2.

5. Според истражувањата на шведските научници, кафето го намалува ризикот од некој тип на рак, како рак на гради, простата и црн дроб.

6. Кафето го поттикнува метаболизмот, па може да ви помогне во одржување на здрава тежина, дури и го олеснува намалувањето на килограми.

7. Ако цел живот пиете кафе, го намалувате ризикот од сенилност.

8. Кафето му помага на вашето тело да се бори против слободните радикали.

9. Кафето ги подобрува физичките способности. Луѓето кои пијат кафе имаат поголема издржливост во спортските активности.

10. Кафето штити и од сонцето, ги намалува оштетувањата на кожата кои се создаваат од сончање, а со тоа ја штити вашата кожа од рак.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска