Сите бламажи на Принцот Хари: Од голотија до нацистичка униформа

Од:

Принцот Хари од Велс, помладиот син на принцот Чарлс и на Дијана досега имаше неколку непријатни моменти кои ги уловија камерите. Најновиот гаф се неговите слики на кои е сосема гол во хотелската соба во Лас Вегас.

Лижење на другарот од војска

На видео снимка во 2009 година Хари е уловен како го бакнува и лиже другарот од војска. Кралицата Елизабета не беше многу среќна кога се појави ова во јавноста.

Лак на ноктите

Беше ова само една од низата забави, но Хари беше сликан како носи градник, со пиво во рацете. Во друга пригода беше сликан со виолетов лак на ноктите.

Пушеше марихуана

Како тинејџер на 17 години призна дека пие алкохол но и дека пуши марихуана. Кога слушна принцот Чарлс за тоа, веднаш го пушти во рехабилитационит центар каде остана еден ден во разговор со пацинетите.

Тепачка со папараците

При излегување од еден ноќен клуб во 2004 година Хари се истепа со фоторепортер.

Суровост кон животните

За време на поло натпревар пред две години младиот принц во еден момент со мамузата го удри коњот поради што почна да крвари. Хари продолжил и покрај тоа да јава на коњот, а од друштвата за заштита на животните го нарекоа „Суровиот Хари“

Нацистичка униформа

На маскенбал во 2005година Хари се појави во нацистичка униформа и со свастика во раката. Сликите го обиколија светот, а Хари јавно се извини.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство