Шведска ракометарка ја прекинува кариерата за да си го смени полот

Од:

Долгогодишната шведска ракометарка, левото крило на француски Брест, Луиза Санд реши да ја прекине спортската кариера за да си го смени полот.

– Има причина зошто се одлучив на овој потег. Се надевам дека сите ќе ја почитуваат мојата одлука. Време е навистина да почнам да го живеам мојот живот. Во последно време се чувствувам многу лошо и ги знам причините за тоа. Родена сум во погрешно тело. Никогаш не сум се чувствувала како јавна личност, но сега ми е јасно дека ова нема да мине без да привлече внимание. Решив да свртам нов лист и ќе го преживеам сето тоа, изјави Санд.

Пред да замине во Франција, таа играше за шведскиот клуб ИК Савехоф.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица