Што зборува редоследот на раѓањето за личноста на детето?

Од:

Многу научници сметаат дека редоследот на раѓање има важна улога во развојот на личноста, бидејќи родителите свесно или несвесно секое дете го третираат поинаку. Тоа значи дека децата преземаат различни улоги во семејството и поради тоа развиваат одредени карактеристики.

1. Најстарото дете – амбиција и перфекзионизам

Не е изненадување дека првородените деца се мошне одгворни, со добро однесување и мошне успешни, а често ја минуваат и границата на перфекционизмот. Тие се всушност миниверзии на своите родители, бидејќи од нив добиле многу внимание како први деца.

2. Средно дете – помирување и праведност

На средните деца правдата им е многу важна. Ним им е важно се да биде фер. Полни се со разбирање и кооперативни се, бидејќи по игра на случајот завршиле со најмалу родителско внимание. Имаат добро развиени социјални вештини и способност за прилагодување, што ќе им помагне во иднина.

3. Најмладо дете – самостојност и забава

На најмалите секогаш се им поминува, бидејќи родителите повеќе не им посветуваат толку внимание како на постарите деца. И самите родители веќе созреале, имаат искуство, па повеќе не се грижат за секоја ситница. Најмладите деца обично се шармантни, симпатични и самостојни. Голем дел од нив завршуваат како глумци, музичари или се занимаваат со некоја друга уметност или јавна професија. Повеќе од се ја ценат својата слобода.

4. Единец – зрелост и снаодливост

Единците имаат склоност да бидат позрели од своите врсници. Снаодливи се, полни со самодоверба и многу им е попријатно времето да го поминуваат сами, отколку со други деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска