Ви се чини дека поминале неколку месеци откако избиравте име за вашето прво дете, зарем не? Но, набрзо откако ја поминавте првата фаза на навикнување, почнувате да размислувате за повторување на ова искуство. Откријте по што втората бременост се разликува од првата.
Второто бебе ќе биде покрупно
Сепак, не многу – второто бебе во просек тежи 100 грама повеќе од првороденото.
Втората бременост е посигурна
Статистичките податоци покажуваат дека втората бременост е најбезбедна за мајката и бебето. Првата е некој вид проверка на состојбата на телото на мајчката, ако првиот пат добро сте ја поднеле, постои голема веројатност дека и наредната бременост добро ќе поминете.
Можно е да недоставуваат некои карактеристики
Секоја бременост е различна и ова се однесува на симптомите, тегобите, навиките во исхраната, па дури и формата на стомакот и телесната тежина на идната мајка.
Можна е појава на тешкотии како последица на првата бременост
Ако во текот на првата бременост сте имале компликации, на пример сте боледувале од прееклампсија или болки во грбот, тоа може да се појави и во сите наредни бремености. Затоа потребно е да се консултирате со лекарот за превентивни мерки, со цел да не се повтори истото.
Второто породување обично е побрзо и полесно
Вашето тело подобро „разбира“ што му се случува и поради таа подготвеност, второто породување во просек трае неколку часа помалку од првото.
Царски рез при првото породување не значи дека мора да биде и при второто
Ако првпат сте се породиле со царски рез, бидејќи на пример, бебето било поставено карлично, следниот пат не мора да биде така, односно постои голема веројатност дека ќе се породите по природен пат. Се уште не постојат научни сознанија со кои прецизно би се одредило колку треба да се паузира меѓу двете бремености доколку првото породување било со царски рез, но поголем број експерти се согласуваат дека периодот од две до три години е доволен за наредната бременост да помине во најдобар ред.