Што треба да се знае за контрацептивните таблети?

Од:

Помалку од еден отсто жени кои земаат контрацептивни таблети според лекарска препорака ќе забременат, додека девет отсто жени ќе останат бремени доколку контрацепцијата не ја пијат редовно.

1. Контрацептивните таблети имаат ефект само ако се земаат редовно секој ден. Доколку таблетата не се земе само еден ден, шансите за забременување значително се зголемуваат.

2. Некои сметаат дека контрацептивните таблети можат да влијаат на вашата личност и на изборот на партнерот кој ви се допаѓа.

3. Сите видови на контрацептивни таблети имаат ист ефект. Различниот ефект се создава бидејќи таблетите од различни производители различно реагираат на вашето тело. Гинеколозите најчесто ги препишуваат таблетите со кои имаат најмногу искуство.

4. Интраутерните влошки се 20 пати поефикасни во спречувањето на несаканата бременост отколку таблетите. Причината зошто се толку добри е во тоа што тие ја елиминираат можноста за човечка грешка. Со други зборови, ако сакате работата да функционира, не го правете тоа сами.

5. Постарите верзии на контрацептивни таблети содржеле поголема доза на хормони, чија цел била добивање поголема тежина. меѓутоа модерните таблети немаат таков ефект.

6. Кај сите производители, таблетите за последната недела од примањето содржат додаток на железо, со цел жените полесно да се изборат со губењето на железо за време на мензисот. Меѓутоа, кај некои жени железото може да предизвика нуспојави, како што се мачнина, дијареа.

7. Иако многу жени сметаат, не треба да се прават паузи од контрацептивните таблети за да можете да забремените. Хормоните од таблетите не се задржуваат во вашиот организам.

Штом ќе престанете да ги земате таблетите вашето тело ќе се врати во нормала, без разлика колку долго сте ги пиеле. Исто така, земањето контрацептивни таблети во подолг период нема никакво влијание на степенот на плодност.

8. Набрзо ќе се појават и контрацептивни таблети за мажи, така што и тие ќе имаат свој товар. Постојат два вида, хормонски и нехормонски, само прашање е кога ќе бидат достапни во продажба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска