Се чини дека станува неиздржливо, кога вашето детенце на секое прашање можно прашање одговара со „не“, но тоа е само фаза, која бргу минува.
Поради што оваа фаза е толку популарна кај децата?
1. Понекогаш е едноставно така. Детето сака да внесе малку пркос и своеволност во односот.
2. Комуникацијата на детето е ограничена. Вашето дете се уште не знае да ги изрази сите свои чувства, што повремено го лути. „Не“ е лесно да се одговори и не мора секогаш да го има значењето кое вие мислите дека го има.
3. Децата спроведуваат успешен психолошки експеримент. секако дека во реалност не е така, но со оглед на тоа дека експертите докажаа дека пркосното однесување кај малите деца е многу добро за нивниот развој, може да им се дозволи на децата повремено да „играат“ според свои правила.
4. Детето често го слушало тој збор и го запомнило како можен одговор на секое прашање.
5. На децата им е потребно чувство на контрола. Кога првпат ќе донесат одлука дека нешто не сака, на детето веројатно тоа ќе му се допадне. Но без грижа, ќе помине – тоа е само фаза.
Како да се запре со ова однесување на детето?
Обрнете внимание на тоа колку често му велите „не“ на своето дете. Не е лоша идејата во текот на еден ден или една недела да запишувате колку пати на своето дете ќе му речете за нешто „не“. Веројатно ќе се зачудите од резултатот.
Потоа обрнете внимание на тоа кога и каде детето најчесто го искажува својот пркос. Што се случува пред и после тоа? После неколку дена внимателно следење, може да се утврди правилниот шаблон на однесување, кој може да го открие проблемот.