Што се случува кога ви недостасуваат витамини?

Од:

Сигурно сакате да дознаете кога на вашето тело му се во недостаток витамините. Ако имате недостатокот на витамини може да се случи анемија, слабост во мускулите, болки во коските. Се покажало дека на луѓето најчесто им недостасува витамин Д, Б6 и железо.

Благодарение на изборот на намирници богати со витамини, многумина од нас ја добиваат препорачаната дневна количина на витамини и минерали. Но, не сите луѓе спаѓаат во оваа група.

„Недостатокот на витамини и минерали се јавува постепено со тек на време, така што симптомите не секогаш се очигледни“, вели др Kristine Clark.

Витамин Д

Витаминот Д често се нарекува и витамин на сонцето, бидејќи телото го прозиведува кога сте изложени на сонце. Овој витамин е неопходен за силни коски, заби и мускули. Исто така, може да го намали ризикот од рак на дебелото црево, дијабетес од тип 2, т.е. автоимунални болести. Ретко витаминот Д предизвикува болки во коските и мускилите, а често не постојат знаци дека проблем некаков постои.

Препорачана дневна количина(RDA): 600 IU

Во најголема опасност од недостаток на витамн Д се луѓето со темна кожа и оние кои живеат во северните земји каде сончевата светлина е ретка, особено во зимските денови.

Како до повеќе витамин Д: Една чаша млеко збогатено со витамин Д содржи 100 IU. Останатите извори на витамин Д се масната риба, како лососот, туната, сардината и житарките. Добра опција се и додатоците на исхраната кои вклучуваат витамин Д.

Железо

Нашето тело користи железо за производство на хемоглобин, протеин во црвените крвни зрнца кој го пренесува кислородот до ткивата. Може да станете анемични кога количината на железо е толку ниска, што вашата крв не пренесува доволно кислород до целото тело. Тогаш симптомите се умор, дури и ако добро сте се спиеле.

Препорачана дневна количина(RDA): Жените во перодот од 19 до 59 години имаат потреба од 18 мг железо дневно. Трудниците имаат потреба од 27 мг, а жените кои што дојат имаат потреба од 9 мг. Мажите на возраст од 18 години па натаму имаат потреба од 8 мг железо дневно.

Како до повеќе железо: Козумирајте житарици обогатени со железо, овесни снегуки и леб. Месото вклучувајќи го говетското и рибата е богато со железо. Со железо е богата и сојата. Исто така лесно можете да дојдете со додатоци на исхраната богати со железо.

Витамин Б6

Овој витамин Б му помага на телото во прозиводството на антитела кои се борат против болести. Игра важна улога и во превенцијата од дијабетес бидејќи го одржува нивото на шеќер во крвта под контрола. Симптоми на недостаок на овој витамин може да бидат анемија, чешање, сува уста, ранички на усните.

Препорачана дневна количина(RDA): Возрасните лица до 50 години имаат потреба од 13,5 мг витамин Б6 дневно, жените од 51 година па натаму имаат потреба од 1,5 мг, додека мажите во оваа доба имаат потреба од 1,7 мг. Најмногу во опасност се луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, автоимуните болести како ревматскиот артрисис.

Како до повеќе витамин Б6: Некои житарки содржат витамн Б6, а тоа најлесно може да го проверите на декларацијата. Исто така овој витамин може да го најдете во бананата, авокадото, јаткасите плодови, месото.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава