Што се би жртвувале мажите поради своите љубовници

Од:

Неверните мажи се подготвени да се откажат од многу работи поради својата љубовница, покажа едно истражување.

Анекетата, која на речиси илјада мажи ја спроведе интернет страницата за спојување на парови IllicitEncointers покажа дека неверните мажи се подготвени да се откажат од омилените хобија, парите, годишните одмори поради својата љубовница.

Шестнаесет отсто од нив изјавиле дека попрво би имале љубовница, отколку да купат автомобил. Петнаесет отсто од нив без ни малку грижа на совеста би го откажале планираното уредување на домот, во кој живеат со сопругата и децата, а ист процент прељубници би ги жртвувале и веќе платените карти за спортски настани, дури и за омилениот фудбалски натпревар.

Единаесет проценти од испитаниците признале дека поради љубовницата би се откажале од членството во теретана, десет отсто од купување на нов мобилен телефон, а има и такви кои попрво би се откажале од годишниот одмор, отколку од љубовницата и тие се шест проценти.

Истражувањето покажува дека една четвртина од мажите се подготвени да заштедат пари со тоа што ќе се откажат од излегувањата со сопругата, само доколку тие пари би можеле да се искористат за излегување или патување со љубовницата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска