Летото е време кога редовно конзумираме сладолед за да се освежиме. Меѓутоа, вкусот кој го одбираме зборува многу за нашиот карактер.
Во едно истражување е проценет карактерот на луѓето, а потоа им е понуден сладолед за кој рекле дека навистина е нивниот омилен.
Значи, еве што вашиот омилен вкус на сладолед зборува за вас:
Ванила – Вие сте најверојатно импулсивни, многу поводливи и идеалисти.
Чоколадо – Ако избирате вкус на чоколадо тогаш најверојатно сте наклонети кон драматично однесување, ведри сте, шармантни, кокетни, заводливи и лесноверни.
Јагода – Вие сте толерантни, лојални и интровертни.
Сладолед од ментол со парчиња чоколада – Најверојатно сте за карање, штедливи и внимателни.
Комбинација од бела и црна чоколада и кекс – Се работи за амбициозна личност и визионер.
Сладолед со карамела – Лице кое избира ваков сладолед е најверојатно полно со љубов, поддршка на другите и ги избегнува светлата на рефлектори.