Што му прават празниците на нашиот мозок?

Од:

Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген случајно, истражувајќи ја мигрената, забележале дека одредени центри во мозокот се активираат кога лицето гледа „празнични содржини“ како божикни фотографии.

А еве што празниците му прават на нашиот мозок:

Реакција на мозокот на давање подароци

Да, добивање подароци е преубава работа, а истражувањата покажаа дека кога подаруваме некому нешто, нашиот центар во мозокот одговара на начин како и самите да сме добиле подарок, што е всушност една од причините зошто се чувствуваме толку добро додека подаруваме на други луѓе или на оние кои им е потребна помош.

Реакција на мозокот на благодарноста

За време на празниците многу време поминуваме со семејството и пријателите и размислуваме за тоа колку сме благодарни за сите важни и добри лица во нашиот живот.

– Благодарноста ја наградува великодушност и го одржува кругот на здраво социјално однесување, изјави Антонио Дамас, професор по психлогија и неврологија од Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Нашиот мозок под стрес

Празниците не се исполнети само со љубов и семејно дружење, туку и со стресови како што се купување, патувања, подготовки на храна, грижа за пари итн.

Едно истражување од 2008 година кое го спроведе американска асоцијација на психолози, покажа дека осум до десет Американци се под голем стрес за време на празниците, што луѓето може да ги направи уште понервозни, пораздразливи и подготвени за кавга и сл.

Реакција на мозокот на шеќерот

Кога се конзумираат слатки, телото испраќа порака до нашиот мозок кој потоа се активира центарот за наградување. Секако, нема ништо лошо во повремено стимулирање на овој центар, но доколку тоа се случува пречесто, доаѓа до послаби реакции како и јавување на нездрава желба за шеќер.

Нашиот мозок и зимската тага

Доколку за време на празниците се уште се чувствувате лошо, не ги обвинувајте Божик, Нова година или тоа што ви недостасува сакано лице. Причина за лошото расположение може да биде сезонско афективно нарушување, форма на клиничка депресија која се јавува повремено во текот на зимските месеци кога сме помалку изложени на сонце.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски