Ретко кој тоа ќе го признае, но резултатите од новото истражување во Велика Британија покажува дека една петтина од родителите мислат дека бебето по раѓањето не е убаво.
Дури 18 проценти од родителите изјавиле дека новороденчето не е убаво, додека 82 отсто од испитаниците навеле оти веруваат оти нивото бебе било најубаво во светот.
Од илјада испитаници 18 отсто истакнале дека бебето по раѓањето не им било убаво, но, само осум проценти од нив истакнале оти тоа чувство можеле да го споделат со другите луѓе.
Двојките за тоа разговараат меѓусебно, но таа тајна воглавно ја задржале за себе.
– Изгледа дека сите мислат оти нивните бебиња се најубави во светот, па тогаш постои притисок дека мора да биде така иако понекогаш не е, откри еден од испитаниците за „Дејли Мејл“.
Други родители истакнале дека за првата ќерка имале чувство дека е најубава во светот затоа што биле млади и полни со чувства, а кога добиле второ девојче, биле многу објективни и свесни дека не се работи за најубаво бебе во светот.