Совршената ќерка секогаш е тука кога на мајката и треба помош, но постојат уште неколку работи, кои се потребни за идиличен однос меѓу мајката и ќерката.
Идеалната ќерка во текот на денот неколку пати телефонски ќе разговара со својата мајка и ќе ја посетува барем еднаш неделно, кога ќе престанат да живеат заедно, покажува новата студија на Gettingpersonal.co.uk.
Испитувајќи две илјади мајки и возрасни ќерки при спроведувањето на ова истражување, научниците дошле до заклучок дека „најдобрите“ ќерки секогаш се тука кога им се потребни на своите мајки, било како поддршка или да им помогнат во домот, да им дадат искрени совети во врска со облеката и исто така секогаш им се доверуваат.
– Секако дека посои посебен вид на врска меѓу мајката и ќерката, но ова истражување покажува и дека заедничките интереси можат значително да го подобрат нивниот однос, изјави претставник на Gettingpersonal.co.uk.
Имено заедничкото гледање серии или филмови, размената на мислења за прочитаната книга не се залудно потрошено време.
Кога ќерките ќе пораснат, ќе формираат своето семејство и ќе почнат свој живот важно е се уште да имаат време за својата мајка. Оваа студија го покажува токму тоа дека и најмалиот гест, како заедничко гледање на серии е доволен за зацврстување на врската, а мајките не почнуваат да се чувствуваат како вишок во новиот живот на ќерката.
Истражувањето исто така покажува дека кога ќе порасне ќерката, повеќе од синот ги памети важните семејни датуми или настани, како и дека тие почесто од братот ќе се сетат да и посветат внимание на својата мајка, да и купат подарок или на некој друг начин да и го разубават денот.