Коленото е зглоб кој ја трпи целата тежина на телото. Во исправена положба држи околу 70 отсто од телесната тежина, а при свиткани нозе и до 90 проценти од тежината на телото. Поради тоа колената се изложени на различни заболувања, често се болни, а една од честите компликации е вода во коленото.
Трауматската повреда на коленовиот зглоб може да заврши со повреда и оштетување на менискусот, рскавицата, лигаментите, тетивата и коските, а сето тоа може да направи клиничка слика на болно зголемување на количината на зглобна течност или ефузија-вода во колено.
Најчестото заболување кое предизвикува вода во коленото се дегенеративните промени на зглобот-остеоартритис, воспалителен ревматизам, инфективни воспаленија на зглобот, септични состојби, инфилтративни заболувања и тумури.
Физикалниот преглед и дијагностика на болното и отечено колено во почетна, акутна фаза може да бидат отежнати. Во понатамошното лекување се избегнува дополнителен дијагностички метод за правилно одредување на оштетувањето кое може да настане на внатрешниот дел на зглобот. Лекарите се определуваат за конзервтивно или хируршко лекување.
Од неинвазивните медоти на лекување најчесто се применуваат физикална терапија и лекови. Од хируршката интервенција се фаворизира минимална инвазивна техника-сртроскопија, а во зависност од оштетувањето се избегнува операција на отворено колено.