Што да правите кога детето дома е агресивно, а во јавноста тивко како бубачка?

Од:

Гневот е природна реакција како кај возрасните, така и кај децата, но сепак повеќето деца ова чувство го изразуваат дома. Прочитајте ги советите на семејниот терапевт Сузан Штифелман за тоа како да се однесувате во тие ситуации.

– Многу родители ми се јавиле збунети поради однесувањето на нивните деца, кои дома се агресивни, додека на секое друго место се вистински ангели. За време на мојата работа научив дека мозокот игра важна улога во одредувањето на однесувањето на детето и тоа во во зависност од опкружувањето, вели таа.

Префронталниот кортекс е дел од мозокот кој се наоѓа веднаш позади челото, кој контролира многу функции вклучувајќи ја и контролата на импулсот, како и инхибиторната контрола. Кога детето е вознемирено, нервозно или загрижено, овој дел на мозокот е активен и на некој начин го држи однесувањето под контрола.

Сепак, откако детето ќе се почувствува растоварено и сигурно, а тоа е најчесто дома, овој механизам повеќе не реагира на ист начин.

Со други зборови доколу децата поради нешто се фрустрирани на училиште или оека се со нивните пријатели, нивниот префронтален кортекс ќе го спречи манифестирањето на експлозивното однесување.

Штифелман нагласува дека кога на детето се обидуваме да му пријдеме со објаснување или совет во моментот кога веќе е вознемирено, само ја поттикнуваме фрустрацијата.

– Ова е вообичаениот образец: Родител очајнички се обидува да разговара со своето немирно дете, кое се чувствува како да е преплавено со зборови додека се „дави“ во сопствените емоции, појаснува таа.

Штифелман додава дека наместо тоа, на детето во тој момент му треба да бидеме „капетан на бродот“.

– Ние би требало да им ставиме до знаење дека не се плашиме од нивните чувства и дека сме во можност да им помогнеме да испловат од бурата на емоции, советува таа.

Штифелман нагласи дека наместо да се фокусираме на тоа што не е во ред со детето или да одите по него објаснувајќи му зошто нешто не може да добие (или што и да е во прашање), помогнете му да ја разбере и ја почуствува тагата. Најбитно е да и дадете на знаење дека ги сакате.

– Често умеам да кажам дека ние не воспитуваме деца, туку возрасни луѓе. Иако сите сакаме нашите деца што полесно да поминат низ сите животни препреки, постојат ситуации кога едноставно не можат да имаат се што ќе посакаат, а така ќе биде најверојатно, низ целиот живот. Вие сте тука да ги научите како да ги развиваат способностите и да ги издржат разочарувањата, заклучи Штифелман.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска