Штип се подготвува за „Пастрамајлијадата“

Од:

Се финализираат техничките детали за традиционалната манифестација „Пастрамајлијада“. Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов вели дека речиси се е подготвена за 12-то издание за манифестацијата, која и годинава ќе се одржи на добро познатата локација, кај кружниот тек кај Градскиот стадион.

На оваа локација ќе бидат поставени околу триесетина штандови од страна на угостителите, но и тезги каде што локални уметници ќе може да ги презентираат своите изработки. Утврдена е и цената на познатиот штипски гурамнски бренд. Панајотов вели дека цената е 120 денари и е иста како минатата година.

– На терен ќе има контроли, кои ќе утврдат дали угостителите отстапуваат од утврдените стандарди за подготовка на штипската пастрамајлија, вели Панајотов.

Од општината повикаа угостителите да не импровизираат, оваа година општината има издвоено 2.500.000 денари за оваа манифестација. На 21, 22 и 23 септември ќе настапат Влатко Стефановски, Ван Гог, Северина, Амадеус Бенд и познати имиња од македонската естрада.

Би можело да ве интересира

Со закани изнудиле 500 евра, запалиле автомобил – притвор за двајца штипјани

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Со „југо“ удрил во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот

33-годишен маж од Штип во напуштен објект ја убил својата вонбрачна партнерка

Горан Наумовски

Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип

Катерина Ѓуровски

Штипјанец ги нападнал членовите на неговото семејство