Шестоодделенка е најмлад уметник за тетоважи во Сингапур

Од:

Ученичка од шесто одделение основно училиште стана најмладиот уметник за тетоважи во Сингапур, објавија лоакалните медиуми, додавајќи дека таа истетовирала 12 луѓе изминатава година.

Лилит Сијо уметноста ја научила од својот татко Џозеф кој води тату-бизнис во Хаџи Лејн веќе 20 години.

Дванаесетгодишната Лилит, своите викенди, празници и училишни распусти ги поминувала на тату-часови што ги држел татко ѝ. Таа се стекнала со вештина за само шест месеци.

Нејзиниот прв клиент бил пријател на татко ѝ кој сакал тетоважа со цртан лик. Лилит признава дека на почетокот била нервозна и дека ѝ биле потребни 90 минути за да ја заврши тетоважата.

„На почетокот бев уплашена. Може да избришете цртеж ако згрешите. Но, откако ќе се постави тетоважа, тоа останува засекогаш,“ вели таа.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска