Блогерката, Кристин Орган подели со нејзините читатели шест едноставни но важни и чуствителни зборови кои сака да и ги каже на нејзината мајка.
Следува нејзиниот текст:
– Постојат многу блогови, кои зборуваат за тоа што значи да се биде мајка, многу есеи за тоа колку мајките ја сакаат својата улога и многу текстови за тоа колку тоа е тешко. А тука се и телевизиските реклами, списанијата и каталозите, кои ни зборуваат што мајките „навистина“ сакаат.
Јас има само шест зборови кои би сакала да и ги кажам. Шест едноставни зборови за кои мислам дека секој родител би сакал да ги слушне:
Благодарам и многу ми е жал
За болно породување кое си го имала за да ме донесеш на свет.
Благодарам и многу ми е жал
За сите непроспиени ноќи кога си ме држела и нишала, „трошејќи’ го својот грб, затоа што сум била, како што тоа љубопитно бебе.
Благодарам и многу ми е жал
Што си ги трпела сите мои напади на бес и високи очекувања, затоа што сум била „тешко“ дете.
Благодарам и многу ми е жал
Што голем број пати си морала да доаѓааш кај мене во училиште иако дома си имала уште две мали деца.
Благодарам и многу ми е жал
Што со нас си морала да се бориш секогаш кога би не носела во продавница.
Благодарам и многу ми е жал
Што од година во година си имала толку непреспиени ноќи заради три бремености, доење новороденчиња, кошмари, училишни забави и тинејџерски излегувања.
Благодарам и многу ми е жал
Што 12 години сите викенди ги поминуваше седејќи на топлото и потејќи се покрај базенот за да ме гледаш како се натпреварувам.
Благодарам и многу ми е жал
Што секој момент си морала да ја отвориш врата од својата куќа и фрижидерот за безброј стомачиња на децата од соседите.
Благодарам и многу ми е жал
Што си се грижела за мене секогаш кога сум била болна, особено кога повраќав во пешкирот кога сме патувале со траект.
Благодарам и многу ми е жал
Што си морала заедно со мене да ги преживуваш тинерјџерските драми околу другарките, момчињата, косата, училиштетот, од се.
Благодрам и многу ми е жал
Што си ги жртвувале твоите надежи и соништа за да ми овозможиш моите надежи и сонови станат вистински.
Благодарам и многу ми е жал
Што си чекала толку многу години за да ме слушнеш како ти зборувам дека те сакам и ценам повеќе од се и дека неизмерно ти се восхитувам.
Благодарам и многу ми е жал!