Шест пораки од детството, кои ја блокираат вашата среќа

Од:

Во своите обиди да станете позитивна личност и да го развиете животот онака како што отсекогаш сте сакала, сигурно ќе наидете на одредени препреки.

Некои од тие препреки ќе се однесуваат на длабоко вкоренетите пораки од детството, кои сте ги примиле од своите родители, наставници, па дури и од своите врсници. 

Следуваат шестте најчести пораки кои го блокираат напредокот: 

1. Туѓите потреби се ваша одговорност

Дали другите луѓе ви се на прво место или ги дефинирате своите вредности врз основа на тоа што можете да сторите за нив? Иако е прекрасно да се биде несебичен, бидете внимателни доколку ги задоволувате потребите на другите луѓе на сопствената штета. Можеби сте ја усвоиле таа порака доколку сте пораснале обидувајќи се да ги усреќите родителите во несреќениот брак или доколку сте морале да се грижите за болни родители. Важно е да научите добро да се грижите за себе си, можете да почнете да издвојувате еден час дневно за опуштање или некоја лесна активност. 

2. Емоциите треба да се држат во тајност

Оваа порака од детството е особено карактеристична за мажите, кои можеби ја усвоиле од зборовите и делата на своите татковци (иако тоа не значи дека и некои жени не чувствуваат непријатност кога ги изразуваат емоциите).

Можеби ве учеле дека само слабите луѓе покажуваат тага или ве исмејувале кога ќе сте ја покажеле вашата емотивна страна. Всушност сите емоции се вредни и можат да понудат шанса за личен развој, дури и оние тешки емоции како болка или бес. 

Отпуштете го ова старо уверување и стапете во контакт со своите чувства по пат на водење дневник, дури и доколку напишете само една страна дневно, опишувајќи ги најважните емоции, кои сте ги доживеале во текот на денот.

3. Не е во ред да се греши

Оваа порака ви создава чувство на вина, срам или помала вредност доколку не сте брилијантни во се што правите. Меѓутоа грешките и потешкотиите всушност можат да се гледаат како вредни шанси за учење и усовршување. Секој пат кога ќе забележите дека сте направиле грешка, запишете го тоа во некоја тетратка, а покрај неа запишете и три позивитни работи, кои можат да се развијат од неа. 

4. Никогаш не треба да зависиш од другите

Оваа порака исто така ќе ве спречи да чувствувате вистинска блискост со некоја друга личност. На пример можеби ќе ви биде тешко да се отворите за чувството на интензивна врска во роматичните односи, ќе се обидувате сами да се носите со својата тага и ќе се чувствувате секогаш дека сте одвоени од остатокот од светот. 

Не постои брз начин за решавање на овие видови на уверување, но концентрираниот напор да покажете повеќе ранливост кон своите искрени пријатели и партнери, може да биде награден со љубезност, која ве поттикнува полека да се отворате.

5. Погрешно е да се истакнувате

Доколку сте имале традиционални родители, кои ве учеле дека децата требаат да се гледаат, но не и да се слушаат, можеби се уште ви е тешко да се изборите за своето право на глас. Тој проблем може да се манифестира во неподготвеност да се браните, кога некој се обидува да ве дискредитира или може да се појави посуптилно на начин секогаш да капитулирате пред склоностите на другите во вашата социјална група.

Меѓутоа доколку никогаш не сте успеале да се истакнете тогаш ги пропуштате клучните можности за остварување на своите цели. Не морате да бидете груби и агресивни, бидете упорни, практицирајте мирен, но цврст став при наведувањето на своите афинитети и пристојно кажете кога не се согласувате со нечија перспектива. 

6. Треба само да се обидете да се вклопите

Понекогаш оваа порака е пренесена од страна на родителите, кои се обидуваат да го избегнат малтретирањето на своите деца од страна на нивните врсници (а понекогаш се пренесува од родителите, на кои им е непријатно поради ескпериментирањето на идентитетот на нивното дете), оваа порака може да остави чувство дека „вистинските вие“ всушност не сте доволно добри. 

Иако можете да привлечете пријатели и да бидете успешни, тешко дека ќе се чувствувате навистина ценети кога поголемиот дел од животот ви подразбира „прикажување на фасадата“. Секој пат кога некој ќе ви даде признание и комплимент за нешто што сметате дека е основен дел од она што вие навистина сте, запишете го и афирмирајте.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска