Шест познати пејачи од пет клапи ќе ја претставуваат Хрватска на овогодишниот натпревар за најдобра песна во Европа, кој ќе се одржи во Шведска. Хрватска на Евровизија ќе се претстави со песната „Мижерја“.
Првиот тенор во клапата е Марко Шкугор, клапа Кампанел, вториот тенор е Анте Галиќ, клапа Сињ, први баритон е Никша Антица, клапа Кампанел, втор баритон е Леон Батаљак, клапа Цриквеница, басови се Ивица Влаиќ од клапата Себеницо и Бојан Кавеџија од клапата Гредлин.
Музички продуцент на песната е Никша Братош, кој во соработка со Драган Брнас го направи аранжманот, а комплетниот аудио запис на песната би требало да биде готов наредната недела, објавија хрватските медиуми. Автор на песната „Миршерја“ е Горан Тополовац.
Хрватска се натпреварува во првото полуфинале на Евровизија на 14 мај. Финалниот натпревар е на 18 мај.