Соодветни стимулации можат да го подобрат развојот на интелегенцијата кај децата. Развојот на мозок на бебето значително може да се стимулира веднаш по раѓањето. Неколку начини за поттикнување на развојот на интелегенција кај бебињата.
Разговарајте со своето дете
– Постои поврзаност меѓу бројот на зборови кои детето ги слуша и неговата вербална (лингвистичка) интелегенција тврди Лиз Елиот, докторка и авторка на книгата „Што тоа таму се случува?“. Таа тврди дека што повеќе се разговара со бебето тоа неговиот речник ќе биде побогат.
Читајте приказни
Со читањето на приказни се развива емоционалната поврзаност на мајката со бебето, а во исто време детето и учи. Професорката по психологија на Унвиерзитетот во Калифорнија, Линда Акредоло истакнува дека со читањето на приказни децата се запознаваат со основите на писменост. Таа предлага приказната уште еднаш да се прочита бидејќи на тој начин бебето ја развива меморијата и ќе му биде интересно, бидејќи ќе може да предвиди што се случува на следната страница.
Користете го знаковниот јазикот
Аркадело истакнува дека истражувањата покажале дека знаковниот јазик има позитивно влијание врз интелегенцијата и говорот на детето. Децата кои научиле околу 20 знаци порано прозборуваат, а исто така имаат и поголем коефициент на интелегенција.
Доете го своето бебе
Многу истражувања потврдија дека мајчиното млеко е најдобра храна за децата и нивниот интелектуален развој. Доколу детето е интензивно доено неговото разбирање на знаците и зборовите од надворешната средина во третата година од животот ќе бидат значително подобри во споредба со детето кое е хрането со фабрички произведено млеко.
Бебето повремено треба да се остави само
Д-р Елиот истакнува дека кога бебето е оставено само тоа ја развива моќта за забележување, што е од клучно значење за подоцнежните академски достигнувања. Таа наведува дека бебето треба да се остави само да се занимава и да си игра.
Покажете му на бебето дека секогаш сте до него
Кога бебето ќе увиди дека секогаш сте покрај него и оти го чувате и надгледувате ќе има повеќе храброст да го истражува светот околу себе. Д-р Акредоло посочува дека една од клучните работи кои децата ги мотивираат да прозборат е желбата да се поврзат со другите луѓе.