Туторот по математика на Универзитетот Варвик, Питер Бакус пресметал точно колкави се шансите да пронајдеме партнер кој совршено ни одговара. Според неговите пресметки не ни се пишува добро.
Откако поминал три години без партнерка, очајниот Питер се свртел кон математиката, а потоа ја објавил и тезата „Зошто немам Девојка“ во која ја користел формулата на едначење според Дрејк. Станува збор за формула која се користела за проценка на бројот на цивилизации надвор од Земјата кои се способни и имаат волја да комуницираат со нас.
Резултатот кој го добил, не е ни малку оптимистички. Кога ги земал предвид девојките од 24 до 34-годишна возраст, кои живеат во Лондон и се сингл, сфатил дека ќе му биде исклучително тешко да ја сретне жената од соништата.
„Кога ќе излезам во град имам 0,0000034% шанси да сретнам некоја од тие „посебни“ личности. Веројатноста дека ќе се затекнеме на исто место во исто време е 1:285.000, што не е ни малку добро“, изјави Бакус.