Иако за Австријците шлаканицата е општо неприфатлива, што потврдуваат 44 проценти од анкетираните, за 27 отсто шамарот претставува добра воспитна мерка.
Анализата на податоците од анкетата покажала дека подготвеноста за телесно казнување кај различни делови од населението е различно застапена.
Иако примерокот се смета премал, имајќи предвид дека биле анкетирани 603 лица, анализата покажала одредени трендови. На пример гласачите на партијата на Зелените го отфрлаат шамарот како воспитна мерка многу повеќе отколку избирачите на Партијата на слободата.
Според анкетата, гласачите на Партијата на слободата ја сметаат шлаканицата во поголема мерка прифатлива.
Истражувањето покажало и дека колку е лицето пообразовано, толку помалку разбирање има за ваков вид на воспитување.