Северина се нафрли на сопругата на Жељко Јоксимовиќ: Гадура

Од:

Хрватската пејачка Северина повторно го привлече вниманието на јавноста со објава на социјалните мрежи во која ја нападна водителката Јована Јоксимовиќ, сопругата на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.

Северина сподели фотографија од Јована Јоксимовиќ со натпис „Чацигрл“ во својата сторија на Инстаграм, а на фотографијата ја додаде и песната „Гадура“ од Жељко Јоксимовиќ.

Патем, на јавноста ѝ е познато дека Јована го поддржува владејачкиот режим во Србија, додека Северина неодамна изрази поддршка за студентите кои протестираат низ целиата држава. Тие двете претходно беа во јавен конфликт, што потоа привлече големо медиумско внимание.

Во 2021 година, Северина упати обвинувања против Јована Јоксимовиќ како гостин во емисијата „150 минути“. Пејачката потоа изјави дека водителката, во утринската програма на телевизијата каде што работеше, ѝ покажала хакирани интимни фотографии кои претходно протекоа во јавноста.

„Имав проблем со вашата телевизија. Водителката пушташе мои голи фотографии, кои беа хакнати од мојот телефон, во утринската програма. Нашите деца си играа заедно, го познавам и нејзиниот сопруг, кој пее. Во една прилика, дури му го напишав и репертоарот за концерт. Значи, нивното дете и моето дете си играа заедно, се дружевме, како пријатели, но без врска на тоа, такви работи едноставно не се прават. Ги пушташе тие фотографии во 10 часот наутро на телевизија. Тоа беше ужасно“, рече Северина тогаш.

Додаде дека после тоа никогаш не слушнала за Јована Јоксимовиќ.

Јована и Жељко Јоксимовиќ беа присутни на свадбата на Северина и Игор Којиќ, а едно лето дури и поминаа заеднички одмор. И покрај пријателството и блискоста, објавувањето на интимни фотографии во утринската програма остави трајни последици врз нивната врска.

Поради сето погоре наведено, на многумина не им беше јасно зошто Јована одлучи да ги коментира фотографиите на Северина, а тој потег дополнително придонесе за крајот на нивното пријателство.

Би можело да ве интересира

Раперот Шон Комбс „Диди“ осуден на четири години и два месеци затвор

Концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со финален спектакл во Кичево

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Спасен Силјаноски: Имаме поголем морал од српките пејачи, зошто би се соблекувал гол?

Предраг Петровиќ

Русија си направи своја Евровизија, почнува во сабота

Алкараз негираше дека има девојка: Не сакам сериозна врска