Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, јавуваат белградските медиуми.
Полицијата синоќа нешто по 22 часот дошла во станот во Вождовац каде што живее со сопругата.
Сергеј наводно рекол дека се скарал со сопругата и дека рекол дека ќе го напушти станот. Таа потоа се заканувала дека ќе искрши се во куќата, а за се било известено Второто основно јавно обвинителство.
Трифуновиќ и неговата сопруга биле сослушани во полициска станица, а обвинителот изјавил дека нема елементи на кривично дело.