Семејство со единствена традиција

Од:

Британско семејство со децении е единствено по тоа што кај нив се раѓаат само близнаци. Најнови членови се близначките Џесика и Клара Гвин, кои ја претставуваат четвртата генерација близнаци во ова семејство.

Триесетгодишната Мел која ја има сестрата близначка Шерил била воодушевена кога на 12-тата недела од бременоста и соопштиле дека носи близнаци.

– Бев шокирана, но нема да лажам дека секогаш мислев дека некоја од нас две ќе роди близнаци.

Девојчињата кои се родени предвреме, сега се здрави и имаат седум месеци.

Традицијата на раѓање близнаци почнала со прабабата Џој која имала сестра бличначка Маргарет. Џојс потоа родила машки близнаци од кои еден е Кевин. Кевин потоа се оженил и добил две ќерки близначки Мел и Шерил, а сега и Мел ги доби Џесика и Клара.

Со доаѓањето на свет на четири генерации близнаци во ова семејство мајката Мел рече дека малку се променила традицијата. Имено, таа и сопругот се договориле дека нема девојчињата да ги облекуваат во иста облека.

– Тоа ни го правеа мене и на сестра ми. Не поднесувавме што секогаш сме исто облечени. Сакам тие две да креираат одвоени личности, наведе Мел.

Сепак, Мел тврди дека сестрите секогаш ќе бидат телепатски поврзани, токму така како што се таа и нејзината сестра. Како што рече, често претчувствува кога нејзината сестра Шерил ќе се повреди или помислувала на неа токму во моментот кога телефонски ја бара.

Експертите во Велика Британија наведуваат дека шансата да добиете двојајчени близнаци е 1:112, а да имате четири генерации близнаци во истото семејството е еден према милијарда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска