Семејствата денес поминуваат се помалку време заедно. Тоа е поради презафатеноста на родителите, но и поради детската насоченост кон модерната технологија.
Резултатите од едно истражувањето во Велика Британија покажуваат дека 14 проценти од семејствата успеваат да поминат еден час во заедничко дружење, додека 70 отсто имаат помалку од еден час.
Некогаш беше традиција и обврска цело семејство да руча или да вечера заедно, но сега тоа не е случај. Доручекот на просечно семејство поминува набрзина, додека времето по работата и училиштето е резервирано за домашните обврски, а децата тоа време го поминуваат пред компјутер или играјќи со мобилните телефони.
За време на вечерата сите се веќе преморени за какво било дружење или семејни разговори. Ова се случува поради презафатеноста на родителите, но и поради развојот на технологијата кои ги отуѓува луѓето, па и самите семејства.