Една компанија се сетила да направи шипка за стриптиз за масовна употреба, па место да оди во локалните барови или дискотеки, сега секој ќе може да си ја носи и да ја корисити каде сака.
Играњето на ваква „играчка“ повеќе не е само за забава или соголување, туку исто така значи и акробатство, танцување и конкуренција со другите.
Иако за многу девојки ова се уште значи танц со високи штикли и секси потези, сепак други направија чекор напред, па започнаа да ја применуваат како справа за вежбање, дома, во автомобил, на улица, на брод и на било кое друго место.
Производот на фирмата се состои од платформа широка речиси еден метар кубен што ја држи металната прачка висока два и пол метри.